Лесли Карлетон има 62 години, но изгледа најмалку две децении помладо. И тоа не е само наш став, туку 99% од луѓето што ја гледаат, бидејќи Лесли е модел за костими за капење.
Таа е свршена со актерот Матијас Хјуз (62), мајка на два сина Септон (44) и Аврелиус (42) и баба на Оливија (10) и Лилијана (10).
Како постигнува младешки изглед, таа ја откри тајната за Дејли Меил:
“Никогаш не замислував дека ќе изгледам вака на шеесет години. Луѓето главно мислат дека сум четириесет и се шокираат кога ќе им кажам дека имам 62 години!”
Кога бев тинејџер, не вежбав и дури не спортував. Внимавав што јадев и за среќа, бев слаба “.
“Го следам советот на баба ми која беше танчерка. Таа секогаш јадеше мали порции, на секои 2 до 3 часа”.
„Кога јадам дел од јаглехидрати, тоа е колку големината на мојата дланка, а зеленчукот е двојно поголем“.

“Кога наполнив триесет години, започнав да се занимавам со карате и скијање, а денес го зголемувам мускулниот тонус во теретана. Затоа изгледам многу добро во шеесеттите години”.
“Кога ќе ги видам моите слики од кога имав 16 години, гледам дека моето тело е исто, но кожата е различна. Тоа е она што го јадеш. Треба да внимаваш на диетата”.
„Шест дена во неделата внимавам што јадам, а седмиот ден јадам што сакам.
“Сега сум послаба отколку кога имав четириесет години. Мислев дека тоа не е можно, но ете,” признава таа.

Лесли го роди својот прв син на 19-годишна возраст, поради што денес многумина мислат дека таа е негова сестра. Не му пречи и обожава да има млада мајка.
https://www.instagram.com/leslie333_fit4life/?utm_source=ig_embed