Колку пандемијата на коронавирусот го смени начинот на кој луѓето гледаат на светот, покажува и навидум баналната студија спроведена од познатиот сексолог и експерт за врски Трејси Кокс.
Пред околу десет години, на прашањето кој е нивниот идеален тип на жена мажите одговараа лаконски и прецизно. Некои најмногу ги привлекуваа нозете, другите градите, а трети задникот.Тие често укажуваа на бојата на косата што ја сакаат кај жените.
Во 2020 година работите се сменија
Во 2020 година, всушност немаше специфичен „идеален тип на тело“. Убавината е помалку во тоа како изгледате и повеќе во тоа какви сте. Се сѐ сведува на карактерот. Затоа, во дефинирањето на она што е привлечно, треба да изгледаме подлабоко од надворешниот изглед.
Истражувањата секогаш покажале дека мажите претпочитаат жени со просечен изглед отколку супермодели, а тоа има врска со фактот дека на повеќето мажи им е тешко да се справат со конкуренцијата.
Убавото лице на списокот со желби отсекогаш имало повисок рејтинг од добро тело.
Како изгледа посакуваната жена денес и кои карактеристики најмногу им се допаѓаат на мажите?
Огромното мнозинство мажи ги користеле следниве карактеристики кога ја опишувале совршената партнерка: силен ум, самоуверена, среќна, емоционално интелигентна, страствена и полна со ентузијазам.

Инстаграм е виновен за многу работи
Но, зошто жените сè уште се чувствуваат под притисок да изгледаат совршено? Да не се лажеме; припадничките на понежниот пол сè уште живеат според нереални стандарди на убавина, а за тоа во голема мера е виновен Инстаграмот -заклучи Трејси Кокс.