Toa e љубов: се венчале во ковид болница и со кислород наместо шампањ

Еден пар од Англија, и покрај тешката здравствена состојба во ковид болницата одлучил дека ништо нема да може да ги запре да се венчаат. Иако животите ‘им виселе на конец’, го замолиле персоналот на болницата да им овозможат да се венчаат и на тој начин можеби да им ја исполнат и последната желба.

После позитивниот тест на коронавирусот, Лизи и Симон биле сместени во различни одделенија. Состојбата на Симон наеднаш се влошила и итно бил пефрлен на интензивна нега.

„Умирав да ја видам Лизи, многу ми недостасуваше. Сакав да бидам покрај неа и се борев јуначки за да се вратам во нејзиното одделение“, рекол Симон.

Медицинската сестра дознала дека овој пар планирал венчавка уште во јуни, но дека короната ги спречила.

Персоналот во болницата одлучил да ги израдува и да им организира церемонија во самата болница.

„Се растаживме кога слушнав дека не се венчале. Потоа дојдов до идеја тука да се венчаат и тие се согласија. Иако условите не се идеални, сакавме да ги направиме среќни“, рекла една од сестрите.

Оваа медицинска сестра била сведок и ја снимила церемонијата со мобилен телефон за пријателите и семејството на парот. Лизи и Симон се венчале три дена по доаѓањето во болницата, со торта која ја обезбедил персоналот.

На церемонијата отсуствуввал и бакнежот меѓу младенците бидејќи и двајцата примаат кислород.

Слични Вести
Menu