МАКЕДОНСКИ ТАЈКУН ОД КАНАДА ГО ТУЖИ ГУГЛ ЗА 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Видео платформата Рамбл и нејзиниот македонско-канадски основач и ЦЕО, Крис Павловски, обелоденија дека поднесуваат тужба против Гугл, барајќи 2 милијарди долари отштета заради прекршување на антимонополските закони.

Павловски и Рамбл го обвинуваат Гугл за штимање на алгоритмите за пребарување со што ги оштетиле и нивните корисници и нивниот прилив на пари.

Павловски се појави кај Такер Карлсон и обелодени дека неговата компанија открила милијарди посети кои биле редиректирани кон Јутјуб, нанесувајќи ѝ на Рамбл финансиска загуба од преку 2 милијарди долари.

„Ако можат да местат резултати од пребарување на мачиња и кучиња, тие можат да местат буквално сè“, изјави Павловски.

Видео платформата има преку два милиона креатори на содржини кои ги споделуваат на Рамбл и огромна публика што ја прави потенцијален ривал на Јутјуб.

Ушпте поинтересно е што во последно време Рамбл привлече влијателен сегмент конзервативци кои се преселија на Рамбл после политичката лустрација која ја спроведоа компаниите како Амазон, Гугл и Епл.

Пред Рамбл, Крис Павловски ја има основано ИТ компанијата Cosmic Development која, освен во Торонто, има филијали во Белград, Скопје и Битола.  

Извор: off.net.mk

Слични Вести
Menu