Напуштил добро платена работата за да се занимава со проституција. Сега од жените заработува и по 29.000 долари на вечер

Откако раскинал со девојката, Рајан Џејмс решил да ги следи нејзините стапки и да замине од сигурна работа каде што заработувал до 6 илјади долари месечно, со цел да стане ескорт маж

– Го продавам своето тело иако порано имав добро платена работа во финансии. Јас не му кажав веднаш на моето семејство што правам. Им кажав на пријателите скоро веднаш, но семејството дозна подоцна . Имаше секакви реакции, но односите во семејството останаа исти. Оваа работа не е нешто што родителот би го одбрал за своето дете – објасни тој.

Откри и што жените најмногу бараат од него.

– Жените обично бараат состанок со вечера. Сценариото вклучува типичен вечерен оброк и запознавање, проследено со враќање во хотелот или станот на клиентот за персонализирано и лично искуство – рече тој.

Ова искуство го нарекува „луксузна вечер надвор“ и наплатува 3.500 долари, за шест часа „релаксација и уживање“ или 29.000 долари за ноќна забава со појадок.

Тој верува дека не продава само секс, туку и искуство.

– Секој клиент кој сака состанок со мене сака некакво друптво. Од искуство, можам да кажам дека мажите се повеќе насочени кон сексуалната страна на нештата. Жените се фокусирани и на сексот, тие не би дошле да ме видат без него, но ние исто така поминуваме многу време во разговор – објасни тој.

Џејмс вели дека повеќето луѓе би биле изненадени какви жени се неговите клиенти.

0 – Многу жени кои ги користат моите услуги можат лесно да одат во ресторан и да изберат кој било маж и да имаат секс со него. Она што тие го сакаат е сосема поинакво сексуално искуство – објасни тој.

– Понекогаш тоа се луѓе кои неодамна се развеле или луѓе кои се уште се во брак, но не биле интимни со партнерот подолго време. Имав клиентки кои беа девици, имаа по 20 години, но и парови кои сакаа секс – вели Џејмс.

Џејмс призна дека жените немаат специфични фантазии што сакаат да ги реализираат со него.

– Клиентите често се жалат дека им се случува во сексот партнерот да биде фокусиран само на себе и дека приказната ќе заврши веднаш штом тој ќе заврши. Она што тие го сакаат е партнерите да се фокусираат на нив, што се подготвени да ви возвратат – Џејмс откри еден од проблемите што ги натераат неговите клиенти да дојдат.

Тој рече дека дефинитивно постои стигма околу жените кои ангажираат придружба и дека многумина ја чуваат во тајност.

– Услугата на ескорт е како жена што оди во ресторан и му предлага на мажот да оди во нејзиниот стан каде што ќе се масираат. Огромното мнозинство мажи не би го одбило тоа. Но, работата е во тоа што ретко кој од нив е масер или физикален терапевт. Можеби ужива да масира, но не е професионалец. Ако сакате специфично сексуално искуство, многу потешко е да пронајдете точно што сакате. Ескортот може да ви го даде токму тоа – објаснува Џејмс.

You might also like
Menu