Секоја земја е посебно доживување и полна со изненадувања. Еве неколку такви факти кои може да ве изненадат во одредени земји
1. Може да го прошетате Монако за околу 50 минути
Монако, втората најмала независна земја во светот, може да ја прошетате за околу 50 минути од север до југ. Тоа е приближно иста големина како Централниот парк во Њујорк, со површина од 1,95 квадратни километри.

2. Во Кина можете да завршите студии за градници
Политехничкиот универзитет во Хонгконг започнал програмата за насоката која официјално е наречена „Специјализам за интимна облека“. Причината за тоа е што многу градници од компании како „Викторија Сикрет“ и „Ла Сенза“ се направени во Кина.
3. Во Данска, ако сте сингл кога ќе наполните 25 години, ве „тушираат“ со цимет
Порано, трговците на зачини биле познати по тоа што се ергени и во нивна чест, денес луѓето што се сингл кога ќе наполнат 25 години ги посипуваат со цимет, популарен зачин во данската кујна. Ако имате 30 години, циметот се заменува со пипер.
4. Јавниот превоз во Луксембург е бесплатен
И покрај тоа што Луксембург е многу мала земја, се соочува со ужасен сообраќаен метеж. Причина за тоа може да биде фактот што околу 180.000 работници кои живеат надвор од земјата секој ден одат на работа таму. Бесплатниот превоз може да помогне во решавањето на овој проблем, истовремено нудејќи и поеколошка алтернатива.