Се разбудивте уморни и дремете цело претпладне?

Ако утрово се разбудивте уморни, и неколку часа потоа се чувствувате преморени, како нешто тешко да сте работеле, а не дека сте спиеле, проверете дали синоќа сте јаделе некои од овие намирници. Многу фактори влијаат на квалитетот на вашиот сон, а храната што ја внесувате во вашето тело е една од нив.Од друга страна, неквалитетниот сон влијае на тоа како ќе се чувствувате утрото..

Пржена храна
Храната богата со маснотии, како пржено пилешко или помфрит, не е паметен избор за исхрана пред спиење. Тешко е да се свари и може да доведе до враќање на киселината во хранопроводот, што е многу непријатно. Ова важи и за крофните.

Газирани пијалоци
Кога консумираме пијалоци кои содржат јаглерод диоксид, тоа може да доведе до надуеност и притисок во стомакот, поради што можеме да се разбудиме среде ноќ. Ова се однесува на сите видови газирани пијалоци.

Сокови
Овошните сокови како портокал, грејпфрут или ананас имаат висока киселост што воопшто не е пријатна за нашето тело во текот на вечерта и ноќта. Затоа, се препорачува да се консумираат порано во текот на денот.

Чоколадо
Чоколадото може да го ослободи стресот и да нè опушти, но има еден фактор поради кој не треба да се јаде пред спиење, а тоа е фактот дека содржи кофеин. Вистина е дека во него нема толку кофеин колку што има во кафето или чајот, но секако може да предизвика несоница.

Црвено месо
Црвеното месо има придобивки за организмот, но многу тешко се вари. Ова бара пренасочување на крвта кон дигестивниот систем, што може да предизвика вртење во кревет цела ноќ (немирен сон).

Шеќер
Шеќерот од храната што ја јадете навечер може да влијае на нивото на шеќер во крвта, што може да доведе до будење во текот на ноќта, дури и од длабок сон. Колку и да изгледа примамливо, избегнувајте шеќер навечер за да не се разбудите уморни.

Обидете се да ги избегнете овие намирници, ако не целосно, барем неколку часа пред да одите на спиење.

Слични Вести
Menu