Позирање целосно голи на снег – нов инстаграм тренд

Шпанската водителка Кристина Педроче деновиве стана вирален хит, откако сите светски медиуми ја коментираа фотографијата на која позираше целосно гола на снег.

Педроче предизвика општ хаос на социјалните мрежи, но имаше и многу жестоки реакции за фотографијата направена за време на снежната бура што изминативе денови ја зафати Шпанија.

Веројатно таа не очекувала дека со нејзината објава ќе предизвика нов тренд на „Инстаграм“. Имено, многу жени низ светот целосно ја поддржаа и застанаа во нејзина одбрана. Инспирирани од неjзиниот потег, направија иста или слична фотографија и ја споделија на своите профили.

За потсетување, минатата година на социјалните мрежни актуелни беа позирања на снег во костими за капење, а се чини оваа година, многу инфлуенсери без многу размислување се приклучија на најновиот тренд и голи седнаа во снегот.

Слични Вести
Menu