Жителите на Владивосток во Русија овие денови ја докажуваат нивната способност да му се спротивстават на ветрот кој дува дури со 136 километри на час, како што известуваат руските метеоролози.
Првин заврна дожд а потоа се спуштија температурите и патиштата се претворија во „лизгалишта“, а дува и многу силен ветер кој го отежнува функционирањето на граѓаните на овој руски град.
Ветрот бил толку силен што и паркираните автомобили се придвижуваа.
Додека некои конструкции се срушија врз автомобилите.
Материјалната штета сѐ уште не е проценета но потврдено е дека најмалку 60 граѓани побарале помош поради повредите добиени како резултат на лизгање на мразот.