Протече документарецот што го забрани кралицата Елизабета: Не сакала „обичниот свет“ да ги гледа овие сцени!

Документарец забранет од кралицата Елизабета во 1972 година, по 49 години протече на Јутјуб.

Документарецот од 90 минути беше најголемата телевизиска тајна во последните пет децении. Во него се појавуваат младиот принц Чарлс и принцот Филип.

Кралицата Елизабета првично нарачала документарен филм од националната телевизија БиБиСи со цел да покаже дека кралското семејство не се разликува премногу од обичниот свет поради критиките дека другите високи членови се премногу дистанцирани и студени во однос на јавноста, но крајниот резултат не ѝ се допаднал. Таа се плашела дека на овој начин ќе биде разбиена мистеријата на кралското семејство во очите на граѓаните на Англија.

Во третата сезона на серијата „Круна“, која го следи кралското семејство со децении, една епизода е целосно посветена на познатото снимање на документарецот од страна на Би-Би-Си и како реагирала кралицата кога го видела.

По 49 години, документарецот стана достапен на Јутјуб под името „Кралско семејство“, но многу брзо беше отстранет од платформата. Имено, Би-Би-Си, кој располага со правата на снимката, побара отстранување на документарецот врз основа на заштита на авторските права.

Извор: Локално

Снимката во моментов ја нема, но фотографии од документарниот филм кружат на Интернет.

You might also like
Menu