Недостатокот на прегратки влијае на нашето ментално здравје

Потребата од допир постои над хоризонтот на нашата свест. Последниве месеци повеќето луѓе чувствуваат „Глад за допир“, а тоа се одразува и на здравјето.

Многумина од нас, можеби не ја разбиравме важноста на допирот порано, но ковид-19 несомнено нè потсети какво е чувството кога ќе исчезне блискоста.

Можеби ќе почнеме да сфаќаме дека нешто недостасува, но нема секогаш да знаеме дека тоа е допир“, вели проф. Френсис МекГлоун, невролог на Универзитетот „Џон Мурс“ во Ливерпул и лидер во областа на афективниот допир.

Но, кога зборуваме за проблемот на осаменост, ние често го игнорираме очигледното: она што не го добиваат осамените луѓе е допир“, вели тој.

Допирот има огромно влијание врз нашата психолошка и физичка благосостојба, вели проф. Робин Данбар, еволутивен психолог на Универзитетот во Оксфорд.

Тој вели дека со блиските пријатели и семејството сме делеле многу повеќе допири, но не сме биле свесни. Како што продолжува пандемијата, многумина од нас ќе мора да се обидат да се справат со длабокиот стрес без удобноста на допирот.

Сите ние имаме различни потреби и граници. МекГлоун вели дека иако „не секој страда од недостаток на допир“, но, целосното отсуство на допир негативно се одразува на нашето ментално здравје.

Допирот е модулатор кој може да ги смири ефектите на стресот и болката, физички и емоционално. Во нашето истражување видовме дека недостатокот на допир е поврзан со поголема анксиозност“, вели Фотопулу.

Во време кога степенот на стресот е на огромно ниво, губење на работа, губење на блиски личности – контактот со луѓе ни помага да се справиме подобро, полесно да пребродиме турбулентни периоди, а особено помага во смирување на ефектите од кортизол (хормонот на стрес).

Потребата да се чувствува физички, психологијата ја објаснува како „глад на кожата“ или „глад од допир“. Во состојби предизвикани од огромен стрес, може да се почувствува како нашите тела едвај ја „држат“ нашата емоција, особено ако нема никој кој би бил покрај нас.

Многу студии ја поддржуваат теоријата дека допирот му дава на мозокот сигнал дека може да ги пренесе своите ресурси за справување затоа што некој друг е покрај нас… Ова го релаксира телото“, вели Фотпулу.

Но, допирот не е единственото чувство. Кожата содржи влакненца кои препознаваат температура, текстура итн. Кои пренесуваат бавни електрични сигнали до деловите за емоционална обработка во мозокот. Тие играат клучна улога во развојот на социјалниот мозок и нашата способност да го издржиме стресот.

Такви делови од телото често се деловите кои не можеме сами да си ги допреме, како што се рамената и грбот.

Стимулацијата на овие неврони ослободува окситоцин и допамин и има директно влијание врз нивото на кортизол, кое го регулира нашето расположение“, вели МекГлоун.

Во 2017 година, тимот на Фотопулу објави студија која покажа дека дури и допирот од странец може да го намали чувството на социјална ексклузија. Но, тоа се само моменти.

Не, не ни треба тој допир цел ден“, вели МекГлоун.

Во овие времиња кога сме лишени од допир не постои вистинска замена за она што го добиваме од другите луѓе, но постојат начини да се смириме.

Наскоро треба да се објави студија спорведена за време на пандемијата, која се базира на теоријата дека, на ист начин како што мислиме дека можеме да ја почувствуваме болката на другите, може да го доживееме и допирот.

Истражувачите откриле дека гледањето допир, на пример на телевизија или во филмови, особено социјален, афективен или допир на миленичиња – може да ни даде некои придовики од чувството на допир.

Мозокот кодира мултисензорни искуства на повеќе начини. Луѓето се способни да ја „почувствуваат“ болката на другиот само со „гледање“, но, допирот е нешто сосема друго.

Слични Вести
Menu