Недостатокот на секс – главна причина за главоболка, докажаа научниците

Жените кои често имаат проблеми со главоболка или мигрена имаат поголема веројатност да имаат сексуални проблеми, открива најновото италијанско истражување.

„Драга, не можам вечерва, ме боли главата“, е реченица која им е повеќе од позната на многу мажи. Иако се верува дека ова е само оправдување за избегнување секс, најновото истражување покажува дека ситуацијата е посериозна отколку што изгледа на прв поглед.

Најновото истражување покажува дека 90 проценти од жените кои бараат медицинска помош поради главоболка имаат и големи сексуални проблеми. Поточно, 29 проценти од нив имат проблем во областа на сексот.

Експертите кои работеле на истражувањето затоа веруваат дека лекарите на пациентите кои се жалат на главоболка треба веднаш да прашаат за функционалноста на нивниот сексуален живот, објавено е во списанието „Сексуална медицина“.

Научниците од Универзитетот во Павија спроведоа студија во која учествуваа 10 жени во 40-тите години. Сите со години се лекуваат од проблеми со главоболка. Покрај тоа што одговарале на прашања во врска со здравјето, жените одговарале и на прашања за нивниот сексуален живот.

Забележано е дека 90 проценти од нив имаат сексуални проблеми кои се значително повисоки од оние што обично се сметаат за нормални проблеми.

Научниците не знаат точно како се поврзани главоболките и сексуалните проблеми, но тие веруваат дека клучот е во недостатокот на сексуална желба што доаѓа како последица на болката што ја трпат жените.

Слични Вести
Menu