Почна продажбата на станови за првиот пловечки град во светот (видео)

Сонувате за  животот на море или пловење на суперјахта? Па ако имате околу 1,5 милијарда долари, може да си купите мегастан на првиот пловечки град во светот “Блу естејт”. Побрзајте затоа што слободни се уште два.

„Блу естејт“ е нов проект на морски недвижности, објавен кон крајот на минатата година. Се наоѓа на само кратко патување од Мајами, Флорида и Бахамските Острови и до него може да се стигне со некаков пловен објект или авион, а наскоро и со редовен воден шатл.

Пред некој ден почнаа резервации за имотот на овој пловечки, вештачки остров, а мегапалатите споменати погоре имаат највисока цена. „Блу естејт“ исто така нуди и студио-апартмани почнувајќи од 19.800 евра. Евтино, ако земете предвид дека ви е ветен пристап до она што ќе стане најзелена заедница во светот и легитимен даночен рај.


Островот ќе биде изграден од посебни бетонски модули и ќе зафаќа околу еден квадратен километар помеѓу Флорида и Бахамите.

Иако градот ќе биде на вода, на идните сопственици им се гарантира безбедност. За да им се спротивстави на брановите, но и на криминалците, градот ќе биде опкружен со бетонски ѕидови високи околу 50 метри. Ќе биде инсталирана посебна заштита од урагани на прозорците на сите згради.


Градот ќе биде изграден на пловечка платформа што ќе може да се движи во случај на лоши временски услови, но и да се закотви доколку е потребно, како и секој брод.

Во теорија, „Блу естејт“ е исполнување на најлудите соништа на човештвото. Станува збор за неверојатно луксузен проект, но истовремено достапен и за оние со поумерен буџет. Градот ќе биде целосно самоодржлив, одличен за семејства и подготвен за забава, ќе има зеленило, велнес-центри и базени, здравствена клиника и систем на училишта за сите возрасти, супермаркети, па дури и сопствени градини и лаборатории за одгледување месо од клетки. Можеби исто толку важно, тој ќе биде град без криминал, со минимални регулативи, без даноци и ДДВ и деловно опкружување што ќе им посака добредојде на големите и малите бизниси од целиот свет.

И ќе биде среде Карибите, каде што има сонце 340 дена од годината.

Се верува дека градот ќе биде изграден до 2025 година и дека во него ќе живеат околу 15.000 жители.

Целта на „Блу естејт“ е да ја изгради една од најбезбедните заедници во светот, нудејќи апсолутен мир и невидено ниво на приватност, со луксуз и удобности со 5 ѕвезди на првиот пловечки град некогаш изграден.

Изградбата треба да почне во 2022 година.

Извор: Autoevolution.com

Фото: Instagram

You might also like
Menu