10 најчести лаги кои жените им ги кажуваат на мажите

Докажана вистина е дека сите лажеме помалку или повеќе. Во еден таков свет во којшто лагите се дел од нашето секојдневие, еве за што најчесто жените ги лажат мажите:

1. „Ништо не ми е“ или „Не ти сум лута“

Вистината е дека нешто не е во ред и гарантирано се лути. Штом тој го поставува прашањето „Што ти е?“, значи веќе ги видел симптомите на лутината и го добил третманот „молчење“. Мнозинството претставнички на понежниот пол ја имаат кажано оваа лага барем еднаш во животот. Општоприфатено е дека ова е најупотребуваната лага во односите мажи-жени.

2. „За 2 минути сум таму“

Започнавте да се подготвувате рано, но повторно времето летна и доцните. Тој нервозно ви ѕвони на мобилен, па единствено што ви останува да речете е: „За две минути сум таму“. Вистината е дека од вашата коса сè уште течат капки вода, немате ни грам шминка на лицето и ви е совршено јасно дека ќе ви требаат најмалку 10-15 минути за да се подготвите. Но, знаете дека лагата со двете минути ќе го смири, па решавате да ја искористите.

3. „Не е проблемот во тебе. Едноставно сега не сакам да сум во врска“

Превод: „нежно откачување“: „Во моментов не сакам да сум во врска“, всушност  значи : „Сакам врска, но не точно со тебе“. Само во многу ретки случаи жените навистина не сакаат врска. Во останатите, лицето кон кое е упатена оваа лага не ги исполнува критериумите.

4. „Сум била само со X мажи“

Фамозниот број на сексуални партнери најчесто е обвиен во лаги. Истражувањата покажале дека жените го намалуваат бројот на сексуални партнери, а мажите го зголемуваат. Поради срам или страв дека ќе бидат оценети како промискуитетни, жените сокриваат дел од своите бивши партнери. На крајот на краиштата, ако ве сака, нема да му биде важно со колку сте биле претходно, нели?

5. „Те сакам каков што си, ништо не би променила“

Да, можеби во некој совршен свет во којшто тој е принцот на бел коњ. Секогаш има нешто што жените би сакале да го променат кај својот партнер, било да е тоа начинот на облекување, однесувањето или едноставно неговите мали лоши навики. Но, тоа не значи дека ќе го сторат тоа. Понекогаш недостатоците знаат да бидат привлечни. А кога жените ќе решат да променат нешто кај партнерот, тие знаат дека најумно е да го направат тоа суптилно, без да креваат многу врева.

6.  / „Ме боли главата“

Тој упорно се обидува да ви го откопча градникот, а вие единствено мислите како да се извлечете. И веднаш се досетувате дека можете да го искористите изговорот  е „Ме боли главата“ и може да ве спаси од непријатен разговор на деликатна тема, непосакувано излегување или сексуален однос кога не сте расположени.

7. „Имаше распродажба“

Се враќате дома со нов пар чевли, иако претходниот викенд рековте дека шопингот за овој месец е завршен. И на неговото „Повторно нови штикли?!?“, вие автоматски одговарате: „Беа на распродажба, сите купуваа како луди“. А реално, ги купивте чевлите на попуст од 10%. Но, тоа беше љубов на прв поглед.

8. „Не требаше ништо да ми купуваш“

Знаете дека тој оддели многу време за да ви избере подарок за роденден, дури и се консултираше со вашата пријателка, но и покрај тоа, не успеа да ве воодушеви. Се разбира, вие нема да дозволите тој да остане со таков впечаток, особено затоа што многу повеќе ви значи неговиот труд отколку самиот подарок, па одлучувате да кажете дека подарокот премногу ви се допаднал. Уште една слична мала лага е: „Не требаше да ми купуваш ништо“. Често ја изговараме оваа реченица, иако никогаш не го мислиме тоа. Нормално дека сакаме подарок за роденден, колку и да е мал, бидејќи таквото внимание говори дека ѝ значиме и сме оценети од конкретната личност.

9. „Не сум љубоморна, дозволено ти е да гледаш други жени“

Вистината е дека сте љубоморни, но нема да признаете. Знаете дека во машката природа е да му бегаат очите кога во негова близина има привлечна жена, па нема да се борите против тоа. Од друга страна, во женската природа е да сакате очите на вашиот маж да се насочени само кон вас. Оваа лага може да не е штетна ако вашата љубомора е во границите на нормалното, а се разбира, да биде контролирано и неговото „шарање“ наоколу. Но, ако вие однатре вриете или пак тој со оваа ваша лага е поттикнат постојано да зјапа во други жени, тогаш е време за сериозен разговор.

10. Да, свршив“

Дали поради желба да ја вжештат уште повеќе атмосферата, дали за да му го нахранат егото на партнерот или пак за да завршат побрзо, жените глумат оргазам. Најчесто оваа лага се користи од жените чиј партнер упорно е концентриран на тоа и неретко прашува: „Сврши?“. Сте го излажале за ова? Не сте сами. 70% од жените го имаат направено истото.

 Ах, жени… Толку се енигматични и комплексни по природа. Не се трудат да бидат комплицирани – едноставно се. На мажите им останува тешката задача да ги дешифрираат и да излезат накрај со нив.

You might also like
Menu