Тим археолози од Египет и Доминиканската Република, открија мумија со златен јазик во еден од древните храмови. Истражувачите ја откопале мумијата која била балзамирана пред повеќе од 2000 години и на која јазикот и бил заменет со златна полуга.
Првите претпоставки се дека балсамерите веројатно го ставиле златниот јазик за да се осигураат дека покојникот ќе може да зборува и во задгробниот живот, се вели во соопштението од египетското Министерство за антиквитети објавено изминатиов викенд, а го пренесе „Live Science“.
Намерата била дека ако во задгробниот живот мумијата со златен јазик се сретне со Озирис, богот на подземниот свет, да може да зборува со него, се вели во соопштението. Не е јасно дали починатиот имал говорна мана кога бил жив.
Две од мумиите се пронајдени со остатоци од свитоци, кои во моментов научниците ги анализираат и дешифрираат. Малтерисаните слоеви или картонажа, во која е заградена една од овие мумии, има златни украси на Озирис, се вели во соопштението.
Истражувачите откриле и неколку статуи кои ги отсликуваат луѓето кои биле погребани на тоа место; статуите се толку добро сочувани, што сè уште можете да се препознаат индивидуалните фризури и стилови, се додава во соопштението.
Извор: Livescience