За полот на детето виновен е таткото. А еве и кои други особини децата ги наследуваат од таткото

Секако дека децата ги наследуваат гените на двајцата родители, но истражувањата покажуваат дека неколку особини детето најчесто ги наследува од таткото. Еве кои:

 Полот на детето

Машките гени го одредуваат полот на нероденото дете. Предвидување може да се направи со испитување на семејното стебло на таткото.

Бојата на очите на детето

Цртите на лицето и бојата на очите веројатно ќе бидат исти со татковците.

Раст (висина)

Детето во голема мера зависи од гените на таткото. Високите татковци обично имаат високи деца.

Срцеви заболувања

Според истражувањето спроведено од научници од Универзитетот во Лестер, мажите кои носат одреден вид хромозом имаат скоро 50% поголема веројатност да страдаат од болести кои влијаат на коронарните артерии. Под одредени околности, оваа одлика им се пренесува на синовите.

 Ментални нарушувања

Меѓу менталните нарушувања што се пренесуваат од човек на дете се шизофренија и АДХД. Како што таткото старее, ризикот се зголемува затоа што ДНК кај мажот се менува со текот на годините. Што се однесува до жените, нивната ДНК не се менува.

Искривени заби

Гените на таткото се главни за забите и обликот на вилицата и влијаат на квалитетот и обликот на забите повеќе отколку на мајките. Од таткото, детето може да наследи не само искривени, туку и слаби заби склони кон расипување.

Проблеми со неплодност

Научниците тврдат дека нискиот квалитет на спермата може да биде генетски проблем. Ако детето е родено по вештачко оплодување, тогаш постои голема веројатност дека ќе страда од неплодност.

You might also like
Menu