Во објавата во која се презентираат најновите финансиски резултати на Amazon, од компанијата информираа дека основачот на компанијата и досегашен главен извршен директор Џеф Безос, веќе нема да ја извршува оваа функција.
Тој сепак не си заминува од компанијата и ќе остане активен во нејзиното функционирање преку неговата нова функција, извршен претседател на одборот на директори. Тоа значи дека тој уште ќе има глас во секојдневното функционирање на Amazon, но сепак одлуките и работата ќе ги остави на својот наследник.
Функцијата главен извршен директор ја добива Анди Џеси кој досега беше главен на AWS делот од бизнисот на Amazon. AWS е еден од неколкуте главни светски бизниси кои нудат сервиси во „облакот“, па заедно со Google и Microsoft, може да се каже и дека нема друга сериозна конкуренција.
Џеф Безос испрати посебен имејл до вработените во Amazon преку кој им ја најавува промената, што се имаат поминато до сега, како и кои се плановите за иднина.
Оваа одлука на Безос ќе му овозможи повеќе време да се насочи и кон другите бизниси кои ги поседува, меѓу кои како доста важен за него се истакнува Blue Origin, компанија која слободно може да се нарече конкурент на SpaceX.