Се продава еден од најретките автомобили на светот, Maybach од Гадафи

Еден од најретките автомобили на светот, моделот „Maybach 57 S Coupe“, изработен по нарачка на егзекутираниот либиски водач полковникот Моамер ел-Гадафи, е понуден на продажба во Холандија.

Во почетокот било планирано производство на 200 вакви автомобили, но на крајот се направени само осум примероци од кои оној под реден број „004“ го купил Гадафи, пишува порталот Roadandtrack.

Автомобилот, кој бил довршен дури по ликвидацијата на Гадафи, на продажба го ставил авто-салонот „Leitner“, специјализиран за егзотични возила.

Имајќи предвид дека Гадафи е убиен во 2011 година, автомобилот никогаш не му бил испорачан.

Суперлуксузниот автомобил минал само 2.300 километри, како што истакнуваат во холандскиот авто-салон „Leitner“, и станува збор за примерок со најмала километража на светот.

Автомобилот е во соврешна состојба. Го придвижува шестлитарски AМG агрегат V-12 Turbo од 604 коњски сили, има пет брзини и автоматски менувач и забрзува од 0 до 100 километри на час за 5 секунди.

Автомобилот своевремено е платен за 675.000 евра, а сега се нуди по цена од 961.950 евра.

Лакиран е во беж боја и има богата внатрешна опрема. На патниците на задните седишта на располагање им се ладилник и телефон, а во предните и задните седишта е вградена и функцијата за масажа. Во текот на возењето, меѓу другото, може да се ужива во врвното „Bose“ озвучување.

You might also like
Menu