Ајфеловата кула конечно ќе ја добие бојата која ја посакуваше Густав Ајфел

Ајфеловата кула го доживува своето најголемо дотерување во својата историја во пресрет на Олимписките игри во 2024 година.

Наскоро 132 години, Железната дама ќе ја добие својата „жолто кафеава“ боја посакувана од Густав Ајфел во 1907 година. Операцијата ќе чини педесет милиони евра, програмирана за во ноември 2022 година, јави дописникот на МИА.

Посетителите на Ајфеловата кула со оглед на ковид-19 и рестрикциите беа заменети со бојаџиите, а блесоците на телефоните со стружење на металните стругалки, бидејќи на старост од скоро 132 години, Ајфеловата кула го доживува своето најголемо дотерување во својата историја во пресрет на Олимписките игри во 2024 година.

Извор: МИА

Слични Вести
Menu