Австралијанката Изабела Еленор го споделила своето непријатно искуство со своите следбеници на социјалните мрежи. Таа изјавила дека се чувствувала понижено кога екипажот на авионот и рекол дека нејзиниот црн топ не е погоден за летање со авион. Изабела, која е модел на платформата каде што се објавени фотографии за возрасни, рече дека и наредиле да се покрие.
Наводно и било кажано дека не може да носи бикини, а Изабела тогаш носела заштитен елек над црниот топ, но тоа направило да се чувствува понижена и деградирана поради другите патници.
Таа објаснила за Инстаграм дека вработените направиле голема сцена кога влегла во авионот и дека ја натерале да чека пред сите додека тие бараат нешто за да ја покријат. Со заштитен елек, таа морала да оди до своето место. Таа изјави дека била понижена и дискриминирана бидејќи нејзиниот топ бил мал и дека не може да лета така без да се покрие.
„Да имав мали гради, гарантирам дека немаше да кажат ништо“, рече Изабела.
Aвиокомпанијаta и се извинила на патничката затоа што вработените во авионот и рекле дека мора да ја покрие „несоодветната“ облека.