Aматери од Редит ги уништија “волците” од Вол Стрит

Аматери-инвеститори од „Редит“ се одговорни за огромниот раст на акциите на една корпорација, а начинот на кој го направија тоа буквално се раскажува на сите социјални мрежи.

Имено, во само еден ден тргување вредноста на акциите на компанијата „Гејмстоп корп“ на њујоршката берза порасна за 18,12 отсто. Трендот продолжил и по затворањето на Вол стрит, на таканареченото вонберзанско тргување.

Битката почнала кога познатиот мал продавач Ендру Лифт од „Цитрон капитал“ се изјаснил против „Гејмстоп“. На нож го дочекале толпа мали инвеститори кои се обложиле токму на спротивното.

„Гејмстоп“ е американски синџир за продажба на видеоигри, компјутерска опрема и друга  електроника, со повеќе од 5.500 продавници и седиште во предградието на Далас.

Сите дотогашни прогнози во врска со деловното работење на оваа компанија на среден рок не биле особено позитивни, делумно поради пандемијата, делумно поради фактот што главниот производ што го нуди во своите продавници (видеоигрите), гејмерите веќе ги преземаат од интернет.

Компанијата изгубила 1,6 милијарда долари во последните три години. Повторно, од почетокот на годината до денес, вредноста на нејзините акции беше зголемена за цели 275 отсто.

Причините за тоа лежат во погрешно обложување.

Луѓето на „Редит“, во групата „Вол стрит бетс“, дознале што се случило и одлучиле да вмешаат прсти. Наместо да паѓаат, акциите пораснале за повеќе од 700 отсто од минатата недела. Ова е само една во низата вакви активности во последно време и нејзиниот исход е сѐ поголема загуба за традиционалните гиганти од Вол стрит.

Некои аналитичари на Вол стрит, наклонети кон хеџ-фондовите, пред неколку недели дадоа предвидување дека вредноста на акциите на „Гејмстоп“ неизбежно ќе падне поради горенаведените фактори, но и поради желбата да заработат пари на нив преку таканаречен „шортселинг“ (позајмување акции на одредени компании за нивна продажба, за подоцна да ги откупат по пониска цена). Тие очекуваа нивната вредност да падне од 40 на 20 долари.

Реалноста ги демантира, така што во овој момент акциите на компанијата достигнаа цена од над 85 долари.

Главните виновници за одржување, а подоцна и за покачување на вредноста на акциите беа група лојални инвеститори кои се собраа на социјалната мрежа „Редит“ и практично се обложуваа против аналитичарите, купувајќи акции по зголемена цена.

Во ова интензивно трговско опкружување, големите инвеститори на Вол стрит се вратија на пазарот за да ги ограничат своите загуби, а побарувачката уште повеќе ја зголеми цената. Еден хеџ-фонд, „Мелвин капитал менаџмент“, наводно требало да се спаси со повеќе од 2 милијарди долари за да ги покрие загубите на некои акции, вклучувајќи ги и оние на „Гејмстоп“.

За многу инвеститори од „Редит“, не стануваше збор само за заработка.

– Живееме во свет каде што обичните луѓе имаат еднаков пристап до пазарот како професионалците и можат да дојдат до истиот заклучок или можеби спротивниот. Решението е поголема транспарентност од институционална страна, а не помал пристап до малопродажба – рече инвеститорот во технолошките акции, Шамат Палихапти.

Може да се каже дека ова е уште една револуција што интернетот и дигитализацијата ја воведуваат во нашето општество и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и покрај тоа што се чини дека ова е втор пат за помалку од еден месец кога големите дигитални корпорации одлучуваат што можат и што не можат да работат корисниците.

Извор: BBC
Фото: Instagram

You might also like
Menu