Ви се укочи вратот од работа пред компјутер? Еве како да го надминете тоа брзо

По напорниот работен ден се случува да почувствувате тапа болка во мускулите или грчеви. Најчесто тоа е во пределот на вратот и грбот, а поретко во целото тело. Вратот е првиот дел од телото кој реагира на стрес. Имено, напнатоста во вратот влијае негативно на работата на крвните жили. Заради тоа мозокот добива помалку кислород кој му е потребен, за да функционира правилно.  Еве неколку вежби за да се ослободите од тоа.

Оваа вежба е корисна за оние кои работат пред компјутер. Стојте исправено и раширете ги нозете во ширина на рамениците. Ставете ги рацете на половината и движете ја главата напред, а потоа назад. Потоа лево, па десно. Направете осум повторувања.

Грчеви во грбот

Постојаната болка во мускулите во средниот дел на грбот, може да предизвика блокада во мускулите и деформација на `рбетот. Исто така, може да предизвика грчење на срцевите мускули, главоболка, вртоглавица, замаглен вид.  

За да се ослободите од напнатоста во мускулите, стојте исправено. Кренете ги рацете и ставете ги зад главата, потоа полека наведнувајте се напред. Вратете се во првичната позиција. Повторете ја вежбата пет пати.

Грчеви во целото тело

Ако чувствувате грчеви по целото тело, со оваа вежба ќе се ослободите од нив.

Стојте исправено и ставете ги рацете над главата. Свиткајте го телото на десна страна, движејќи ја левата рака кон десната страна. Вратете се во почетната положба и повторете ја вежбата од другата страна.

Направете четири повторувања на секоја страна.

Слични Вести
Menu