На последната серија фотографии што Анџелина Џоли ги направи за „British Vogue“, најголемо внимание привлече заедничката фотографија со децата. Имено, Анџелина седи на масата во трпезаријата со близнаците Шајло и Нокс и посвоената ќерка Захра. На црно-белата слика што ќе биде објавена во март, може да се види дека Шајло повеќе не носи кратка, момчешка коса! Оваа девојка на сите слики е видена во машката гардероба и со кратка коса.
Неодамна Анџелина Џоли беше фотографирана додека пазаруваше со своите ќерки Шајло, Закари и Вивиен, а Шајло, сега се најде во центарот на вниманието на сите медиуми.Имено, убавиците шетаа и одеа да купуваат намирници, а цело време се однесуваа нормално и се правеа дека не ги гледаат бројните холивудски папараци, кои демнат на секој агол.Сите беа во лежерни комбинации на облека, а она што привлече внимание на сите беше дека Шајло беше облечена како жена по долго време. Пред неколку години, таа ги замоли родителите да и се обраќаат како Џон и ги замоли да и ја скратат косата.

Со години кружи приказната дека Шајло исто така ќе се подложи на хормонска терапија пред промена на полот, но изгледа дека тие тврдења не се точни.Сега се чини дека се предомисли и додека влегува во пубертет сè уште сака да изгледа како девојче. Еден од блиските извори на семејството им открил на медиумите дека Анџелина и Бред во секој случај ја поддржувале Шајло и вели дека тие предложиле интересен експеримент за да дознаат која е таа всушност и како навистина се чувствува. Експериментот значеше дека една недела живее и се однесува како девојче, а следната како момче, со цел подобро да се разбере себеси.