Не постои маж кој не сака да гледа убава жена. Факт е дека секој маж се врти по друга жена дури и кога се труди да не го направи тоа. Но, да не се лажеме и жените шараат со своите очи.
Дури и оние кои имаат совршена врска, исполнети во секоја смисла, вашиот поглед кварно шета низ улиците и го бара своето место. Но, зошто е тоа така?

Како што кажува науката, се работи за тесостеронот. Според некои истражувања, мажите инстинктивно гледаат, а дури потоа размислуваат што уствари прават. Тестостеронот влијае на нивниот мозок и го перцепира нивниот плен, со што очите се приморани да погледнат за што се работи. После тоа се активира разумот и мажот с евраќа во свесна состојба, но за жал штетата е веќе направена.
Уште еден факт кој го споменува науката е естетиката. Жената ќе застане да го гледа во излог омиленото парче гардероба, додека мажите мораат да гледаат по убави жени, затоа што уживаат во тоа. Тоа не значи дека не е задоволен од својата жена.
На крај е љубомората. Мажите некогаш знаат намерно да погледнат како би ја тестирале својата девојка. Љубомората го храни егото на мажите, а гледањето на страна е одличен начин да добиете внимание.