Хотел во воздух “на патерици” за да не го уништи теренот

Долги години пријатните соби за гостите на Parc Hotel Florian, сместен во подножјето на селото Siusi allo Sciliar,Јужен Тирол, Италија, овозможуваат совршено искуство во текот на целата година. Единствена карактеристика на овој имот е прекрасниот парк, каде може да шетате меѓу стари дрвја, идиличното езерце и надворешниот базен. Комплексот неодамна беше проширен со десет сосема нови апартмани во самостојна зграда, која се поврзува со постојната структура, создавајќи чувство на континуитет и свежа перспектива со препознатлив архитектонски јазик.

1_resize
2_resize

На архитектите од бирото Network of Architecture – NOA* им била  зададена задача да го подобрат дизајнот на хотелот, што значело соочување со комплексни градежни ситуации. Од една страна, гордоста на хотелот – неговата единствена основа – морало да се зачува на оптимален начин. Од друга страна, непосредното опкружување, со соседната семејна резиденција, паркингот и самиот хотел, произвле градилиште за кое биле потребни многу такт и чувствителност, совршен предизвик за NOA*.

Слични Вести
Menu