На Евровизија Васил Гавранлиев со “Here I stand”

„Here I stand“ е насловот песната со која Васил Гарванлиев годинава ќе си ја проба среќата на Евровизија. 65. издание на најголемиот европски музички натпревар е закажано во мај во Ротердам, а Евровизија, како што и беше претходно најавено, годинава ќе има без оглед на форматот што ќе го дозволат условите заради пандемијата со корона вирусот.

Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата ќе се погрижат Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Песната ќе се снима во ренoмираното студио Fames во Скопје, со симфониски оркестар во живо, а придружните вокали ќе се снимаат во Чикако, од страна на поранешни членови на Детскиот хор на Чикаго, каде и самиот Васил членуваше како дете.

You might also like
Menu