Том Форд иако има колекции и за жени, тој е повеќе популарен во машкиот свет. Неговите костуми важат за најдобите во светот и носени се од најпознатите актери, бизнисмени и јавни личности низ светот. Во светот на модата престиж е да имате костум од Том Форд, бидејќи реално навистина не може да има секој.
Том Форд е бренд кој зрачи со престиж, а според многумина експерти, приказната која што тој ја раскажува на своите клиенти е онаа која што продава.
Но дали знаете колку чини еден машки костум од Том Форд?
Најпознатиот модел на костуми од Том Форд се вика O’Connor. Тоа е основаната верзија на костум и чини околу 3,690 долари. Станува збор за дводелен костум, додека пак костумите создадени од три парчиња, достигнуваат цена до 5,400 долари.
И продавниците на брендот Том Форд зрачат со луксуз, како да сте во хотел со безброј ѕвездички. Том Форд е мастер за да направи раскошен амбиент и привлечност.