Осуммина се богати колку половина човештво

Јазот меѓу богатите и сиромашните станува огромен – осум луѓе во светот поседуваат богатство колку половина човештво, тврди меѓународниот сојуз на хуманитарни организации Оксфам.

 Меѓународната организација Оксфам ја критикува социјалната нееднаквост во светот. Таа е многу подраматична отколку што досега се мислеше, се вели во објавената студија „Економија за 99 проценти“

Заклучокот на студијата гласи: само осум луѓе во светот поседуваат заедно 426 милијарди американски долари и со тоа имаат повеќе од целата посиромашна половина на луѓето во светот. Најбогатиот дел од светското население, според студијата, поседува 50,8 проценти од светското богатство и со тоа има повеќе од 99 проценти од остатокот на луѓето во светот заедно.

Mногумина меѓутоа ја критикуваат анализата на Оксфам. Сметаат дека аналитичарите на Оксфам ја обработуваат и листата на богати на магазинот „Форбс“ и почнувајќи од местото број еден ги собираат милијардите сѐ додека не се добие бројката која одговара на богатството на посиромашната половина од човештвото која ја има пресметано Кредит Свис. „Со тоа Оксфам споредува податоци кои се тешко меѓусебно споредливи “

Слични Вести
Menu