Со 3 мали деца живеат во автобус и патуваат по цел свет

Емили и Колби Бел од Јута со нивните 3 деца живеат во училишен автобус од 23 метри квадратни.Со вградени полици, место за читање, специјално направени кревети и тераса на покривот, тие имаат сѐ што им е потребно за нормално функционирање.

par-so-3-deca-zhivee-vo-avtobus-i-postojano-patuva-foto-01.jpg

Веќе 7 месеци живеат на нетрадиционален начин и патуваат со децата постојано.

35-годишниот Колби од 2018 година почнал да работи онлајн како софтверски инженер, па така одлучиле дека сега им е шансата да започнат нешто ново и поинакво.

„Сме слушнале за семејства кои патуваат, а нас отсекогаш патувањата ни биле приоритет, па помисливме зошто да не продадеме сѐ“, велат тие.

par-so-3-deca-zhivee-vo-avtobus-i-postojano-patuva-foto-02.jpg

Парот продал речиси сѐ што имал и потоа патувале во Австралија, Нов Зеланд, Костарика, Тајван и Фиџи, пред да се вратат во САД за празниците. Но, тогаш на Емили ѝ бил дијагностициран рак на града.

Откако Емили завршила со третманите, семејството повторно било во потрага по нов животен стил, па така во 2020 година одлучиле да си купат стар автобус и да го претворат во свој дом во кој ќе живеат постојано.

5-членото семејство совршено функционира во малиот простор и од август 2020 патуваат и живеат на овој начин.

You might also like
Menu