Падот на температурите може да го поттикнат проблемот со вечно ладни екстремитети, но и чувство на студенило како пред настинка.
Ако топлиот туш, меките чорапи и џемпери не помагаат, обидете се внатрешно да го загреете телото.
Се смета дека колку потешко се вари храната, толку повеќе се накачува температурата на телото и имате чувство на топлина.
Затоа, треба да консумирате храна која е богата со масти, протеини и јаглехидрати.
Ова е листата на намирници кои можат да ве загреат внатрешно дополнително (секако не очекувајте ова да биде инстантно):
– Јадете банани
– Пијте чај од ѓумбир

– Појадувајте овесна каша
– Пијте кафе

– Консумирајте црвено месо
– Пробајте слатки компири, наместо обични

– Пијте многу вода
– Пробувајте зачинети рецепти
– Почнете да додавате ким во рецептите
– Преферирајте топли супи
