За да имате поздрав мозок, вежбајте го со апликации на мобилниот

Мозокот треба да се вежба постојано, а со напредокот на технологијата дури и ова станува полесна задача. Без разлика дали сакате да ја подобрите меморијата или да ја зголемите креативноста, овие апликации може да ви помогнат и во двата случаи бидејќи ја подобруваат когнитивната работа на мозокот.

„Duolingo“

Ова е најпопуларната апликација за учење странски јазици. Таа е бесплатна и достапна на интернет или како апликација за мобилен уред. Едноставна е за користење и мотивирачка. На апликацијата може да решавате тестови за јазици, но и за проверка на знаењето од областа на културата.

„Lumosity“

„Luminosity“ е серија игри кои ја подобруваат меморијата, брзината на размислување и решавањето задачи. Со апликацијата зацртувате цели кои мора да ги исполните. Оваа апликација ја користат околу 50 милиони луѓе од 182 земји низ светот, а тимот кој стои зад неа е сочинет од невролози и научници.

„Daily art“

Ова е апликација која секој ден ви покажува уметнички дела со мали лекции од историја на уметноста. Докажано е дека набљудувањето уметнички дела ги подобрува когнитивните функции и предизвикува критично размислување.

„Khan academy“

Ова е еден сигурен начин да станете попаметни и секој ден да учите нешто ново. Овде може да најдете стотици бесплатни видеа и статии од различни теми. Таа е бесплатна за користење.

„Happyfy“

Дали може да го вежбате мозокот да стане попаметен? Апликацијата покажува дека тоа е можно. Во неа може да најдете студии кои биле спроведени во текот на десетици години, а вежбите за мозокот се поделени во категории.

You might also like
Menu