Што би се случило кога сопружниците би биле сурово искрени и кажат сè што мислат? Како би изгледал светот без компромис и емпатија за партнерот?
Идна невеста направила „мала“ листа на „ситници што значат живот“, поточно „правилник за брачен живот“ со чија содржина ќе треба да се согласи нејзиниот иден сопруг.
Таа вели дека сака совршено мало семејство со две деца, неколку кучиња и бела ограда, но неодамна сфатила дека може да бидам ужасна во улогата на сопруга. Затоа однапред пред да стане невеста се извинува со оваа листа, но има и ветувања

- Не сакам да готвам
Заборави на готвењето – дури и не сакам да сум во кујната. Се надевам дека го прифаќаш ова, затоа што ќе имаме многу работи заедно да ги очекуваме.
- Мразам да го делам мојот кревет
Никој не смее да ме допира додека спијам. Ако го направиш тоа, верувам дека не би ти се допанала мојата реакција.
- Сè си има свое место
Ако нешто не е на место, тогаш е изгубено.
- Ако нешто е изгубено, тоа е твоја вина
Ние сме тим. Ветуваме дека ќе ги делиме и доброто и злото. Ако изгубам нешто, ние го губиме. Заедно. Сподели ја вината со мене.
- Мразам да го споделувам мојот простор
Ако сакаш да ти бидам невеста морам да имам своја бања, спална соба и работна маса. Мислам дека ја сфаќаш поентата.
- Не знам да работам со буџет
Јас не сум многу добра во управувањето со пари. Затоа, очекувам не само да го разбереш тоа, туку и да ме охрабриш.
- Мразам носење на одлуки
Не е важно на што се однесува – вечера, број на деца или каде можеме да живееме. Не очекувај дека ќе донесам одлука. Жал ми е.
- Не можам да направам компромис
Не е важно за што станува збор. Мора да биде по мое
- Мразам да го делам телевизорот
Дали навистина сакаш да гледате фудбал? Никогаш нема да се согласам. Затоа е важно да има повеќе од еден телевизор во домот.
Откако ги наведе своите услови, оваа идна невеста има и неколку ветувања
Сите имаме недостатоци, вклучително и јас. Иако не можам да ветам дека ќе бидам совршена стереотипна сопруга, можам да ветам многу друго
Ветувам дека ќе бидам твој најдобар пријател.
Ветувам дека ќе те поддржам без оглед на се.
Ветувам дека секогаш ќе посвојувам ново куче, дури и ако е 27-ми што си го донел дома.
Најмногу од сè, ветувам дека секогаш ќе те сакам дури и во тешки денови.
И ветувам дека ќе бидам најдобра што можам да бидам.
Извор: Вечер