Зарем Меси ќе носи ваков дрес?

Аргентина во оваа 2021 година ќе игра во нови дресови, но ако ги прашате навивачите, подобро воопшто да ги нема – невидено се грди.

Германскиот гигант Адидас, кој е спонзор на „гаучосите“ им дизајнирал нови „модерни“ дресови со препознатливите вертикални небесно сини пруги, ама… Навивачите не се воопшто импресионирани. Со вакви дресови наводно требало да играат и на годинешната Копа Америка.

„Зарем ќе дозволите еден Меси да игра во ваков грд дрес? Ова е смешно“, најчесто коментираа навивачите.

Аргентинците бараат во најмала рака да репрезентацијата да игра во ретро-дресови од времето на Диего Марадона, во негова чест, откако фудбалскиот Бог трагично почина на 60 години пред крајот на ноември лани.

Слични Вести
Menu