Египет е земја на чудата, така што во пустинските делови може да пронајдете реална океанска сцена. Малкумина ја знаат оваа тајна на фасцинантната африканска земја.
„Кога гледам во оваа пустина, гледам океан“, се зборовите на палеонтологот од Универзитетот во Мичиген кој што бил во Египет и се заљубил во пустината.
На само неколку часа возење од Каиро, во пустинскиот бескрај покрај реката Нил се наоѓа Долината на китови.
Пустинската долина и археолошкото пронаоѓалиште со стотици фосили од видови китови е единствена на светот – никаде на друго место не постојат такви пронајдоци во толкава количина и концентрација.https://www.youtube.com/embed/q553LpBWaVM
Колку се сочувани, сведочи податокот што таму може да се наиде и на остатоци од храна, како и крокодили, морски кучиња, желки итн. Најголемиот костур кој што е откриен бил долг 21 метар.
Првите фосили биле откриени на почетокот на 20 век, но биле потребни 80 години за нив да се пробуди поголем интерес. Истражувањето го отежнувало и недостатокот на технолошка опрема.

Конечно во 90-тите години биле пронајдени неколку стотици фосили, а се претпоставува дека претходно имало и повеќе.
За жал, додека подрачјето сè уште не било заштитено, некои веќе ја искористиле можноста и ги украле „сувенирите“.
Целата долина сместена е во подножјето на гората која што жителите ја нарекуваат Планина на пеколот поради посебните светлосни ефекти кои што настануваат кога сонцето зајдува зад планината.https://www.youtube.com/embed/OKkm4ZQp43Y
Денеска ова место не е некоја позната туристичка атракција. До него тешко може да се стигне, а многу од луѓето никогаш не слушнале за тоа.
Очигледно дека Египќаните се среќни и благодарни за фактот што оваа дестинација не е преплавена од туристи како што тоа е случај со пирамидите.