Кога корисникот „YOONlKITTI“ ја објавил сликата на Твитер со прашањето „Колку бои гледате?“, сигурно не ни помислувал дека ќе покрене дебата од 25.000 коментари.
Станува збор за илузија наречена „Mach Bands“ наречена по физичарот кој забележал дека мозокот е збунет од нагласениот контраст при преминот на бојата – така, на скалата еден гледа 20, а друг само 3 бои. Покрај тоа, мрежницата на окото различно ја перцепира сликата кај секој човек, а на бројот на бои кои ги гледаме значајно влијаат и надворешни фактори како на пример, нивото на светлина на екранот на уредот кој го користиме.https://platform.twitter.com/embed/Tweet.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1357249991983693825&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F367987%2Fedit&theme=light&widgetsVersion=889aa01%3A1612811843556&width=550px
„Бројот на бои кои ги гледате најмногу зависи од екранот на уредот на кој ја гледате сликата, без разлика дали станува збор за паметен телефон, лаптоп или компјутер“, објаснил еден корисник на Твитер и додал дека бројот зависи од светлината на екранот како и од самото осветлување на просторијата во која се наоѓате.
Еден 76-годишен маж искоментирал дека „и покрај годините гледа 13 бои“ додека некои многу помлади од него гледаат само 3 или 4 бои, а мажите во коментари воглавно споменувале помалку бои од жените.
„Докажано е дека мажите потешко ги разликуваат нијансите на бои“, искоментирал еден корисник, но додал дека тие се подобри во забележување на детали на слики во движење, што за нашите претци претставувало голема предност во ловот, пишува „Metro.uk“.