Ова се трите најсмртоносни растенија на планетата, а едното веројатно го имате дома

На светот постојат многу отровни растенија, меѓу кои и оние кои што се опасни по здравјето на луѓето. Меѓу растенијата кои што се опасни по луѓето се и оние кои што неретко ги гледаме во саксиите, кои што ги имаме дома или пак во градините.

1. Nerium oleander

Ова растение е сместено меѓу најотровните на планетата, а шансите сами да го одгледувате во градината или домот постојат затоа што тоа е едно од најпопуларните домашни цвеќиња. Ова растение кое што расте во облик на мала грмушка, може да биде убаво за гледање, но исто така и фатално доколку се проголта цветот или листот затоа треба да го држите подалеку од децата и домашните миленичиња. Тоа може да ги оштети вашите очи и црева или пак да ја запре работата на срцето.

2. Conium

Conium својата светска слава ја стекна на најсуровиот можен начин – ова растение уште во древна Грција служело за правење отрови за егзекуција. Веројатно најпознатата жртва на труење со ова растение бил Сократ, грчкиот филозоф на кој му било пресудено сам да си го одземе животот со пиење отров.

Ова растение во себе содржи неколку отровни материи, но најсилниот и најсмртоносниот е конинот кој што предизвикува парализа на срцето и белите дробови. Растението е прогласено за едно од најсмртоносните, а расте во Северна Америка.

3. Abrus precatorius

Ова растение е со потекло од Индонезија каде што на него има впечатливо црвени и црни семки кои што често се користат при изработка на накит и перкусии. Овие семки не произведуваат само добар звук туку се опасни поради отровната супстанција абрин која што ја содржат во себе. Само една семка од ова растение може да биде фатална за човекот.

Слични Вести
Menu