Чудотворен напиток кој ги чисти цревата и топи маснотиите

Доколку имате било каков стомачен проблем или вишок килограми, овој напиток во тој случај ќе ви биде од помош.

Се подготвува од само 2 состојки, а е многу моќен во отстранување на болка во желудникот, топење на масните наслаги, чистење на цревата, но и во отстранување на надуеноста и грчевите. 

За подготовка ќе ви бидат потребни:

– чај од ајдучка трева

– мелено ленено семе

Начин на припрема:

Зовријте една чаша вода, додајте ја ајдучката трева и оставете да отстои 15 минути. Потоа процедете и додајте 1 лажичка мелено ленено семе.

Овој напиток се пие секоја вечер пред спиење, а дава резултати со неверојатна брзина. Веќе по неколку дена користење ќе почуствувате олеснување во стомакот.

Ајдучката трева одамна е позната во народната медицина. Оваа билка содржи изобилство од витамини и минерали. Надземниот дел од растението содржи етерични масла, флавоноиди, витамин К, ахилеин, смола и танини. Благодарение на своите својства, ајдучката трева поволно делува на стомачните проблеми, а се препорачува и за зачувување на здравјето на црниот дроб и за прочистување на крвта.

Ленот, како што веќе веројатно и знаете, е одличен за подобрување на метаболизмот и мрзеливите црева, што значи и забрзување на процесот на разградување на масните наслаги.

Напомена: Не се препорачува континуирана употреба на овој чај подолг временски период од 2 недели. Големите количини можат да предизвикаат главоболка, а долготрајната употреба може да предизвика алергиска реакција и чувствителност на кожата на сонце.

You might also like
Menu