Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денес.Балашевиќ пред три дена беше примен на Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, каде се лекуваше од пневмонија.
Лекарите ги презедоа сите потребни мерки за лекување, но немаше подобрување. Попладнево неговата состојба дополнително се влоши заради претходните хронични здравствени проблеми.
За жал, неколкучасовните напори на лекарот КЦВ не вродија со плод, а Балашевиќ почина три месеци пред неговиот 68 роденден.
Балашевиќ дефинитивно знае точно каде да не допре во срцата. Го сакаат и помлади и постари, а неговите цитати секогаш ќе ни останат во сеќавање.
____________________________________________________________________________