„Измисија милион начини да помине времето, а ниеден да се запре. Што се однесува до мене, веќе и не мора да работат на тоа- прекрасни цитати од Балашевиќ

Било да се работи за музика, филм, поезија или проза, делата на Џорџе Балашевиќ се проткајани со облик на љубов кој е истовремено и најчист и несовршен, ослободени од секаков стереотип, од секаков бесмислен товар кој може да ја спречи да го најде својот пат. За жал, овде немаме доволно простор за да го објавиме сето она убаво што тој го смисли и напиша во својот живот кој денеска згасна. Но неговите стихови и цитати ќе го надживеат времето.

„Ѝ пратив дожд. Немојте да се лутите вие кои сте близу до неа, па накиснавте. Таа навистина го сака дождот. А јас сакам кога е среќна…“

„ И да се појавеше за десет години, пак би стигнала во право време. Ретките ги наоѓаат ретките… Кога-тогаш.“

„Беше луда и единствена. Непоправлива и безобразно рамнодушна. Посебна. Стравот го криеше зад насмевката, слабоста зад гордоста. Беше некоја која не знаеше да остане на едно место. И не остана, никогаш. А ја сакав. И таа мене ме сакаше. И сите го знаеја тоа, освен ние двајца.“

„Велат дека сите девојки личат една на друга кога чашата се празни до дното… Па добро, можеби една на друга, ама никогаш на неа…“

 „Од накит имаше само очи.“

„И нека небото не ми го земе тоа за зло, ама ти си единственото нешто на кое му се молам…“

„Тешко е кога живееш за денот за кој не знаеш кога ќе дојде, за денот кога пак ќе ја видиш. Тешко е, кога си сам и ти недостига гласот, лицето, допирот, насмевката, кога ти недостига битието која е твоја подобра половина. Тешко е пријатели. Ви посакувам никогаш да не го искусите тоа, затоа што тој бол пријатели, не е за луѓе…“

„Само… бедно е пријателството кое останува како ситен кусур од крупните љубовни банкноти…“

„Не ти забележувам. Невозможно е да се возврати олкава љубов.“

„Многу го сакаше, и премногу ако ме прашувате. Мислам дека ни самата не знаеше зошто и како, но го сакаше. Кокетираше со други, да се разбереме, и љубеше други, многу други… Но ја немаше таа искра во очите и таа насмевка на лицето како кога зборуваше со него.“

„Знаеше дека дел од неа засекогаш ќе остане со него. Таму каде што се разделија оној ден, останаа неговата гордост, нејзината тврдоглавост, прошуштената шанса и едно ветување. Имаа сè, а избраа ништо.“

„Сепак, несреќата не е во тоа што таа не помислува на мене, ма како, несреќата е во тоа што јас мислам на неа…“

„И кога некогаш ќе решам да заминам… Нема да ми недостига ниту твојата насмевка, ниту гласот, ниту погледот. Нема ниту ти да ми недостигаш. Ќе си недостигам самиот себе онаков каков што ти ме правеше да бидам.“

„Не знам зошто од секоја која ја запознавам се трудам да ја направам совршената тебе. И не знам зошто после сè се враќам на твојата несовршеност… Веројатно тоа е љубов, мила.“

„Добро сум, ми недостигаш само понекогаш, најчесто пред спиење. Малку размислувам за сè што било, малку замислувам сè што можеше да биде, а наутро… Наутро, тоа веќе не е важно, тогаш малите нешта ми изнудуваат насмевка. Среќен сум, само што тебе те немам, имам сè друго, немам за што да се жалам, добро сум!“

„Дали тоа навистина беа подобри денови или ние бевме тогаш подобри?!“

„Дотогаш девојките, кога мечтаев за нив, главно ги соблекував до гола кожа. Во моите мали ноќни фантазии беа построени како на систематски преглед, и ретко која успеваше да сочува на себе барем пар црни чорапи, или некое слично перверзно парталче. Таа беше првата на која ѝ облеков нешто…“

Слични Вести
Menu