Окинава е позната и како “сина зона” – дома на некои од најдолговечните луѓе на планетата. Тајната не е во лековите, туку во храната и поврзаноста со саканите.
Архипелагот Окинава во Јапонија руши рекорди во просечна старост на жителите. Се состои од 160 острови во Тихиот океан со суптропска клима, а љубезните жители се најдолговечните луѓе на светот. Нивните животни навики и начинот на исхрана укажуваат на тоа дека жителите на Окинава воедно се и најздравите луѓе на светот.
На прв поглед изгледаат поинаку од другите жители на Јапонија. Можеби тоа е последица на различните животни навики на жителите на Окинава и употребата на различни видови на храна, како што е горчлива лубеница и чај од куркума.

Во книгата – “Окинавци – најдолговечни луѓе на светот”, која во соработка со експерти од Министерството за здравство на Јапонија ја напишале Макото Сузики и Бредли и Крег Вилкокс, претставен е начинот на живот на овие островјани.
Постарата популација на Окинава не го признава поимот пензија, туку веруваат дека човекот треба да остане активен до крајот на животот, окружен со позитивни мисли и среќни луѓе.
Секако, важни се и генетиката, редовното вежбање и здравата исхрана.

Разнолика храна од растително потекло
За потребите на едно истражување, 53 стогодишници од Окинава, во исхраната користеле 206 различни намирници, вклучувајќи и лековити билки.
Во текот на денот секој 100-годишник јадел околу 18 различни производи, а 78 проценти од храната била од растително потекло, односно по пет видови на овошје и зеленчук на ден, два вида на мешунки.
Жителите на островот користат комплексни јаглехидрати во исхраната, кои треба да бидат застапени околу 54 проценти, а шеќер земаат од сирова шеќерна трска. Внесот на соли е ограничен на шест грама дневно.
Исто така имаат ограничен внес на маснотии на околу 15 проценти дневно.