Џеф Безос откога го напушти Амазон се шета заљубено, се бакнува на јавни места и ужива во животот

Милијардерот Џеф Безос бил снимен во јавноста за првпат откако го напушти местото на извршен директор во компанијата „Amazon“ која што ја основаше во 1994 година и која му донесе огромно богатство.

Најбогатиот човек на светот моментално е на одмор во мексиканскиот град Кабо Сан Лукас. Таму отпатувал со девојката Лорен Санчез поради која што во 2019 година се разведе од сопругата Мекензи по 25 години брак. А, Санчез поради Безос го напушти својот сопруг Патрик Вајтсел.

Интересно, и двата пара во минатото се дружеле, но не се знае кога точно почнала аферата меѓу Санчез и Безос.

Некогашните љубовници кои што со години се наоѓале во сенка поради нивните брачни партнери, биле снимени како уживаат на луксузна јахта и опуштено се шетаат по градот со сладоледи во рацете.

И двајцата биле лежерно облечени и не се грижеле поради папарацо фотографите затоа што повеќе не мора да ја кријат својата врска.

Да потсетиме, Џеф и Лорен првпат биле снимени на Вимблдон во 2019 година каде што биле сместени во свечената ложа непрекинато разменувајќи нежност, па речиси не го проследиле финалниот натпревар од турнирот.

Потоа станале неразделни, а иако јавноста не верувала во нив, а за Лорен сметале дека од почеток се прикажувала како жена која што е желна за пари, очигледно тие и понатаму се вљубени како на почеток.

Слични Вести
Menu