Кореја е друг универзум : ќе ви платат за да присуствувате на свадба, а гатачките се сфаќаат сериозно

Корејската култура е сосема поинаква од нашата. Од навики на тема мода до начини на однесување во секојдневието, Корејците се друг универзум.

Шетајќи низ Сеул или другите градови во Јужна Кореја ќе видите мали киосци во кои се предвидува иднината. Луѓето гатачките ги сфаќаат сериозно и ги посетуваат пред испит на факултет, започнување на бизнис и слично.

Во Јужна Кореја постарите пријатели се грижат за помладите, па природно е постарите да ја платат сметката во ресторан или да им помогнат на каков било начин.Постарите генерации во Кореја на времето спиеле на подови, па потоа почнале да спијат на тврди кревети наместо на душек, најчесто опремени и со систем за греење. Некои луѓе уште го прават тоа.

Таму не е важно што ќе кажете, туку и како ќе го кажете и постои дури и специјален начин на изразување наречен „aegyo“, што значи прикажување на емоции на сладок начин со детски тон, слатка фацијална експресија и гестови.

Кореец ако сака да ви покаже воодушевување ќе ви каже: „Имаш навистина мало лице“.Оваа фраза може да ги збуни странците, но Корејците веруваат дека малото лице е атрактивно и тоа е комплимент.

You might also like
Menu