Неверојатно: непознат граѓанин во Англија оставал пари во поштенските сандачиња

Жителите на Фром во Сомерсет пријавиле дека некој ставал пари и пораки, поради што полицијата започнала истрага, пренесува Мирор.

– Добивме извештаи за човек кој вметнува пари низ вратата во заедницата. Ние сакаме да разговараме со него и да ја дознаеме причината за овој чин – соопшти полицијата.

Локалните жители, пак, започнале да се исмеваат на полицијата затоа што истражуваат „очигледен потег на љубезност“.

Засега не е познато колкава е сумата, но граѓаните велат дека добрината денес е ретка и дека треба да бидат среќни што такви луѓе има воопшто.

Слични Вести
Menu