Фотограф снимил уникатен жолт пингвин

Природата е полна со изненадувања. Без оглед дали станува збор за див був кој одлучува да слета на вашата глава или совршено затемнување на Сонцето, или пронаоѓање џуџе-жирафа, природата никогаш не престанува да нè восхитува со својата убавина и уникатност.

Овој пат станува збор за животно кое нема боја што природно треба да ја има. Имено, еден фотограф имал среќа да пронајде уникатен пингвин во жолта боја и да направи неколку фотографии од него.

Ив Адамс е белгиски водич на експедиции и фотограф на дивиот свет кој уште во 2019 година тргнал на двомесечна експедиција во Јужниот Атлантик. Групата морала да запре на еден остров во Јужна Грузија за да фотографира колонија кралски пингвини во која имало над 120.000 пингвини.

Додека ги истоварувал опремата и храната во рамнината Солсбери, Адамс забележал нешто необично: во морето од „смокинзи“, имало пингвин кој не бил црно-бел, туку жолто-бел.
– Никогаш претходно не сум видел, ниту пак сум слушнал за жолт пингвин. На плажата имаше 120.000 птици и тој беше единствениот жолт таму – вели Адамс.

Ова не е првпат да се забележи жолт пингвин во историјата бидејќи постојат истражувања за леуцизмот кај пингвините уште од 2000 година, но се чини дека овие фотографии се први од ваков вид интернет, со толкава јасност.

Пингвинот бил доволно близу до групата, на околу 50 метри оддалеченост, па Адамс успеал да направи убави фотографии од него.

3

Овој жолт примерок на пингвин е уникатен поради нешто што се нарекува леуцизам, состојба при која животното губи дел од пигментацијата, што предизвикува промени во неговата боја, па станува бел и блед, но за разлика од албинизмот, не влијае врз очите.

Бидејќи овој пингвин не создава меланин, неговите перја се жолти. Според истражување за леуцизмот кај пингвините, во зависност од видот, веројатноста за развој на леуцизам е 1 во 20.000 до 146.000. Така што, овој еден во колонија од 120.000 одговара на статистиката.

Извор: Bored Panda
Фотографии: Yves Adams / Kennedy News

You might also like
Menu