Еве каде се македонските мажи според “надареноста” (големината на пенисот)

Иако сè уште често слушаме дека „големината на пенисот не е важна“, денес сè уште има многу полемики на оваа тема.

Според повеќето истражувања, просекот е околу 9,1 см во опуштена состојба, или 13,1 см на пенисот во ерекција, а 9,4 см е просечниот волумен, измерен во средината на машкиот полов орган.

Сепак, студија на лондонската меѓународна клиника за андрологија за сексуално здравје на мажите даде малку поинакви резултати, велејќи дека просечната должина на пенисот во ерекција е 16,1 см, иако причината може да биде „фалење“, бидејќи клиниката побарала илјада машки испитаници сами да запишат колку им е долг пенисот во сантиметри, пишува Вечерњи лист.

Земјите со највисок просек се во црвена боја, проследено со портокалова, жолта, светло зелена и на крај – зелена со најмал полов орган.

Најголемите пениси според оваа мапа се наоѓаат во земјите од Западна Африка и имаат над 16 см, додека мажите од Азија имаат најмали во просек.

Индија, Тајланд и Јужна Кореја се на дното, со просечни големини во должина од 9,3 до 10,5 см.

Австралија е во групата втори по големина со просечен пенис поголем од 14,7 сантиметри – како и Мексико, Норвешка, Италија и Шведска..

Македонија според оваа анализа е во групата со просечен пенис на мажите со големина од 11.9  до 13.97 см. Каде е тоа на овој ранг, пронецете сами.

Слични Вести
Menu