Овој остров нуди 3.200 долари за 3 неделен престој таму

Лоциран на неколку километри источно од полуостровот Кевенав во Мичиген, во езерото Супериор, островот Ребит можеби не е Тахити, но може да се пофали со 31 хектар пошумена површина и повик за годишна програма за престој на уметник.

Тројца среќни апликанти ќе имаат можност три недели да уживаат на овој остров од средината на јуни до средината на септември оваа година. Ако тоа не е доволна инспирација, фондацијата „Рабите ајленд“ нуди и стипендија од 3.200 долари за уметниците.

Според веб-страницата на островот, станува збор за проект лансиран во 2010 година и претставува платформа за истражување, проширување и предизвикување на креативните практики во оддалечена средина. Живеејќи и работејќи на островот Ребит, жителите директно се вклучуваат во пејзажот и реагираат на поимите конзервација, екологија, одржливост и отпорност.

Островот Ребит има природен екосистем кој никогаш не бил развиен или поделен и се верува дека никогаш нема ни да биде. Тука спаѓаат орли, автохтони влекачи, различни видови птици, саламандери, лосос и автохтона езерска пастрмка.

Иако станува збор за прекрасно нескротливо опкружување, треба да се знае дека не е за секој што не може да ги напушти удобностите на животот, што нема претходно искуство со кампување или не може да се справи со променливото време.
ostrov
Фото: Rabbit Island

Сместувањето на уметниците доаѓа во форма на две повеќенаменски засолништа, како и шатори и опрема за кампување. Единствениот целосно затворен простор е сауната.

Островот нуди безжичен интернет, мобилна мрежа, кујна, библиотека, како и опрема и алати.

Повикот е отворен за сите визуелни уметници од сите дисциплини, како и писатели, поети, архитекти, дизајнери, музичари, режисери, композитори и кореографи. Покрај индивидуалните апликации, се охрабруваат да аплицираат и помали групи.

Заинтересираните уметници што сметаат дека комуникацијата со природата ќе биде совршен начин да ја разбудат креативноста може да откријат повеќе детали за програмата ТУКА.

Крајниот рок за аплицирање е 14 март 2021 година, а за аплицирање потребно е да платите само 20 долари.

Извор: Good News Network

You might also like
Menu