Криминалец и се предал на полицијата зошто не можел да ја трпи жената за време на пандемијата


Еден маж во Бургес Хил (во Западен Сасекс) во Англија ѝ се предал на полицијата и причината што ја дал ги шокирала и самите полициски службеници.

Имено, тој рекол дека повеќе сака да оди во затвор отколку да биде со семејството за време на пандемија. Имено, мажот бил баран од полицијата бидејќи ја прекршил условната казна и сега мора да оди во затвор. Тој ѝ се предал на полицијата за да постигне „мир и тишина“, пренесува Sky News.

Студија објавена пред крај на минатата година  покажа дека повеќе од половина од населението, дури 53% рекле дека чувствуваат лутина кон најблиските за нивното однесување околу пандемијата на коронавирусот. Според истражувањето на Кралскиот колеџ во Лондон и Ипсос МОРИ, скоро четвртина од луѓето пријавиле расправија со пријателите или семејството за време на полициските часови и затварањата

Слични Вести
Menu