Шведска ги претвора паркинзите во места за дружење

Пред влезот на една месарница во Гетеборг, Шведска, пред неколку дена имало паркинг, но сега таму се наоѓаат клупа, маса и простор за оставање велосипеди и електрични мопеди. Станува збор за шведски експеримент познат како „едноминутен град“.

Вакви инсталации се појавуваат низ Шведска како дел од проектот на владата наречен „Стрит мувс“, чија цел е да види што ќе се случи со урбаните површини кога ќе се отстранат автомобилите. Планот е до 2030 година на улиците во Шведска да има повеќе луѓе отколку автомобили.

Засега во рамките на проектот се предвидува поставување инсталации на поранешни паркинзи за автомобили. Инсталациите вклучуваат клупи, маса и паркинг за велосипед и електричен мопед.

Зад проектот стојат државната агенција за иновација и националниот музеј за архитектура и дизајн на Шведска „Арк Дес“, а вклучени се и локални фирми и иноватори. Според луѓето што работеле на проектот, жителите на Гетеборг го користат новиот простор за седење и средби со пријателите.

You might also like
Menu