Нов тренд за погреби: наместо на гробишта, закоп во шума, а споменик дрво

Веб-страницата „Treehugger“ честопати дава идеи за тоа како луѓето можат да си одат од овој свет, а да придонесат за природната средина. Така, неодамна ја откри компанијата „Бетр плејсес форестс“, која нуди одржлива алтернатива на гробишта.

Во рамките на овие заштитени шуми, семејствата избираат дрвја за да го одбележат местото каде што ќе ја расфрлаат пепелта на своите најблиски со генерации. Но, ова е малку збунувачко; дали пепелта се шири низ шумата?
Како што објаснуваат од компанијата, семејствата купуваат спомен-дрво, а потоа пепелта на покојната личност се меша со земја и се закопува околу дрвото, така што пепелта не се шири, туку е на одредено место. Шумата има свој центар за посетители кој е уникатно дизајниран од студијата „Опенскоуп“  и „Флечер“.

– Целта на дизајнот на ова место е да се создаде дефинитивен праг – да се направи експлицитна транзиција, буквална и фигуративна, на работ на шумата – вели Марк Хоган, главен директор на „Опенскоуп“.

alternativa

– Бетонската патека води до центарот за посетителите, а кулминира со покриена палуба со поглед на ливада и шума – вели тој.

Како што вели Марк Хоган, кремирањето е најзелената алтернатива што луѓето можат да ја изберат за тоа како би заминале од овој свет. Во секој случај, кремирањето е позелено од обичните традиционални погреби, а овој начин што го нуди компанијата повеќе се однесува на искуството отколку на одржливоста. Тука искуството е прекрасно и трогателно, и се чини дека дава чувство дека покојната личност навистина се наоѓа на подобро место – опкружена со зеленило и дрвја.

Извор: Treeghugger.com

You might also like
Menu