Последното од холивудските салони за убавина е таканаречениот „пенис третман“. Иако неговото официјално име е „Холивудски EGF третман за лице“ многумина на шега го нарекуваат „пенис третман“ поради тоа што во составот на серумот што се користи има кожичката од пенисот на новороденчиња. Според истражувањата оваа состојка ја зголемува продукцијата на колаген и ја зголемува еластичноста на кожата.

Во суштина, третманот има неколку фази и тоа: чистење на кожата, TCA пилинг, третирање со микро-игли, посебна маска и на крај нанесување на серум. Стем клетките и пептидите од серумот се внесуваат во кожата преку користење на специјално стапче со микро-игли. На овој начин сите активни состојки навлегуваат длабоко во слоевите кожа и го постигнуваат саканиот ефект.
По третманот, на лицето не смее да се нанесува никаква шминка во рок од 24 часа, ниту пак да се изложува на премногу висока/ ниска температура.
Дали функционира? Сандра Булок и Кејт Бланшет само едни од многуте кои велат дека да, иако Кејт признава дека понекогаш не и се допаѓа мирисот на серумот што многу ја потсетува на сперма.